Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот го разреши шефот на Советот за национална безбедност и одбрана Алексеј Данилов.
Указот за разрешување на шефот на безбедноста е објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател. Во документот не се наведени причините за ваквата одлука.
За нов шеф на СНБО е именуван Александар Литвиненко, според друг указ.
Данилов беше на чело на украинската надворешна разузнавачка служба од јули 2021 година, а претходно беше заменик-шеф на СНБО.