Филипче: Нашите доктори работат по врвни методи и реализираат современи операции

Венко Филипче во своето гостување во 360 степени, посочи дека има уште многу предизвици во здравството и потребно е да се направат уште многу промени, но дека услугата и методите кои ги користат нашите лекари се на високо ниво. Тој рече дека и покрај сите предизвици, во државата се изведуваат најсовремени хируршки интервенции со најнови методи.

„Морам да потенциран дека и покрај тоа што условите се такви какви што се во Клиничкиот центар, апсолутно има лекари, колеги мои, коишто и благодарение од поддршката тогаш од Министерството за здравство и благодарение на својата експертиза и едукација, даваат врвна медицинска услуга. Со нови методи се извршени огромен број на успешни интервенции во коишто морам да потенцирам пошто е тоа факто, голема улога има и СДСМ со инвестициите и политиките кои што ги спроведе министерството“ – истакна Филипче

Треба да знаете
Последни објави