Во интервју за „Реално“ со Мишко Иванов директорот на Дирекцијата за Технлошоко развојни индустриски зони, Јован Деспотовски се осврна на работата на Дирекцијата и на поддршката на странските но и на домашните инвестиции.
Деспотовски, реферирајќи на официјални податоци за вкупните домашни и странски инвестиции, истакна дека во последните три години во државата се инвестирани некаде околу две милијради евра.
„Во 2021, 2022 и 2023 година, по податоци на Народна Банка, не се тоа податоци на Јован Деспотовски, по податоци на Народна Банка, во државата се влезени некаде помеѓу 1,85 и 2 милијарди евра. Како учинок тоа е скоро двојно ако го земеме годишно, во последниве седум години, скоро двојно повеќе, отколку учинокот на годишно ниво на претходната владејачка гарнитура и тоа се факти, тоа се бројки“ посочи тој.
Зголемениот обем на инвестиции, додаде тој, придонесува за зголемување на бројот на вработени лица во ТИР Зоните.
„Ќе посочам исто така една бројка којашто е токму непосредна од работењетро на Дирекцијата на ТИРЗ а тоа е ако во 2017 година сме затекнале шест, шест и пол илјади вработени во сите компании во рамки на Зоните, денес во 2024 сме над бројката од 18.000 што значи дека над 11.000 или над 11.500 нови работни места, односно дека не е удвоено, туку е три пати повеќе од претходно. Добар дел од тие компании, повеќе од половината што ги затекнавме, во изминативе години влегоа во сосем нов инвестициски циклус. Со тоа сме покажале дека не само што знаеме донесеме нови инвестиции, туку да ги задржиме постојните и на тие постојни да им овозможиме услови да го рашират својот капациет“ посочи Деспотовски, набројувајќи ги инвестициите од последните години како тајвански „Јагео“ кој инвестира над 200 милиони евра, понатаму, германската компанија „Гересхајмер“, канадската „Магна мехатроникс“ турската компанија „Технопанел“, како и „Емапта“ од Австралија.
Запрашан за пратеничките листи на СДСМ и неговото отсуство од нив, Деспотовски истакна дека тој повеќе се гледа во делот на извршната власт, како поле во кое може повеќе да придонесе согласно неговото досегашно професионално искуство.