„Јасно и јавно покажуваме дека СДСМ има што да понуди на овие избори. Ако направиме паралела од другата страна, вечерва ВМРО-ДПМНЕ понуди кадри коишто ништо не можат да променат, истите кадри во она што се потврди и она што го кажувавме дека во ВМРО-ДПМНЕ нема промени. Се ставаат на листа луѓе кои се носат од една изборна единица во друга, конкретно за колегата Антонио Милошоски. Министер во времето на Груевски, потоа кандидат за претседател Гордана Силјановска Давковка лице коешто трчало на едни претседателски избори и доживеала пораз, била носител на ИЕ1 на изборите во 2020 година каде што исто така доживеала пораз. Ставени се лица коишто се докажани кочничари, луѓе коишто и те како ги кочеа важните процеси во државата. Тука ќе ги споменам пакет мерките кои се носеа во собранието, каде сите бевме сведоци кога стоеја во ходниците и не влегоа во салата, уставните измени“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во ИЕ 1 ќе трча Христијан Мицкоски којшто е лидер на партијата и којшто апсолутно нема никаква промена од владеењето во ВМРО-ДПМНЕ.