Приведени се вкупно три лица за убиството на докторот Ацо Трпковски пред поликлиниката во Железара, а претресот е завршен во доцните часови. Ова се најновите информации по вчерашната акција на МВР во координација со Обвинителството.
-Се продолжува со други истражни дејствија со цел да се утврди соодветно фактичка состојба, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.