Таткото на исчезнатото девојче Данка (2 години), Милош Илиќ, поминал на полиграфскиот тест на полицијата. Мајката Ивана, денеска повоторно е во полициска станица во Бор, по четврти пат, каде детално ја испрашуваат за поединостите од случајот, пренесуваат медумите во Србија и додаваат на полиграфски тест ќе се најдат повеќе лица. Според тамошните медиуми од телефонот на Ивана еден ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Двегодишната Данка исчезна во вторникот, а во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, јакна во маслинесто зелена боја, а косата и била врзана во опавче. Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, од Одделението за вонредни состојби на МВР, синоќа пристигнаа во Бањско Поле кај Бор и рано утринава започнаа детално пребарување на просторот околу куќата пред од кои девојчето исчезнало во вторникот. Екипите ги сочинуваат 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и куче спасител, соопшти денеска МВР. Припадниците на МВР во континуитет ги преземаат сите мерки и дејствија за пронаоѓање на девојчето и утврдување на сите факти и околности за нејзиното исчезнување, а на местото на настанот утрово пристигна и министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ. Поради исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/1711710260-218744241_4229410627097284_6235561961074118229_n-768x1024-1.jpg)