Народниот правобранител незадоволен од недонесувањето на законските измени: Институцијата остана единствена во регионот без статус

Народниот правобранител искажува јавно незадоволство и е зачуден со каква леснотија парламентот на вчерашната 149 седница со буквално неколку збора (амандманите не се преведени), стави точка на можноста за донесување на измените и дополнувањата на Законот на Народниот правобранител, кои имаа неколку цели, соопштија денеска од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Оттаму наведуваат дека со недонесувањето на измените и дополнувањата на законот, Народниот правобранител на Република Северна Македонија остана единствена институција во регионот без стаус А, со што пак директно и се наштетува на нејзиниот углед и можноста за поголем ангажман во сите меѓународни организации каде членува.

Треба да знаете
Последни објави