Курти: Против Србија се подготвува тужба за злосторства на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави во Глоговац дека против Србија се подготвува тужба за злосторства извршени за време на војната во Косово, пишува приштинскиот портал Reporteri.net.

– Во тек се подготовките да се обвини Србија како земја која е одговорна за злосторствата извршени за време на војната во Косово, за злосторства против човештвото и геноцид – рече Курти.

Тој го повика Државното обвинителство да вложи максимални напори осомничените за кривични дела, за кои има живи сведоци, да бидат кривично гонети и казнети.

– Без правда, само со вистината, раните остануваат отворени – рече Курти.

Треба да знаете
Последни објави