Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев упати честитка кон верниците кои денеска го славата Велигден.
„Упатувам честитки до верниците од католичка вероисповед по повод големиот празник Воскресение Христово – Велигден.
Нека значењето на празникот на Христовиот триумф нè потсети на взаемната поддршка и заедничката одговорност – да бидеме подобри луѓе, посветени на мирот, на љубовта, на простувањето, како највисоки вредности на човештвото. Само така можеме да продолжиме да го градиме заедничкиот пат кон подобра иднина.
Ви посакувам убави празнични денови, нека вашиот дом биде исполнет со радост и благосостојба.
Христос воскресе“ пишува Бојмацалиев.