ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија го одржа Вториот Конгрес, во х. Глориус во Велес.
На Конгресот беше избран новиот состав на Централниот комитет, беше извршен реизбор на претседателот на партијата Љупчо Ристовски со нов мандат од 5 години, како и беа избрани нови органи на партијата.
ИНТЕГРА на Конгресот ја потврди Коалициската формација ХРАБРО ЗА МАКЕДОНИЈА со ГРОМ Граѓанска опција за Македонија и ПЦЕР Партија за целосна еманципација на Ромите и притоа ги потврди кандидатите од ИНТЕГРА, во коалиционите кандидатски листи:
ИЕ1
Ко – носител Бети Ѓорѓиевска
ИЕ2
Носител Љупчо Ристовски
ИЕ3
Носител Јордан Николов
ИЕ4
Ко – носител Веле Коцев
На Конгресот беа усвоени и Изборните премиси за Претседателските и Парламентарните избори 2024.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-31-125051.png)