Пожарот над тетовското село Вешала кој избувна вчера попладне е целосно локализиран. Ситуацијата на теренот и понатаму се следи, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи. Пожарот, според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи од Тетово, е локализиран околу 12 часот. – Но, тоа не значи дека е целосно изгаснат бидејќи се догасуваат одредени потенцијални жаришта на опожареното. Според развојот на ситуацијата, Центарот за управување со кризи директно со институциите од Системот за управување со кризи конкретно со Националниот парк, ДЗС, МВР, ТППЕ и други, а и преку Регионалниот ЦУК на Тетово локално во Општина Тетово, ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација и координација за соодветно дејствување согласно потребата, поточно барањата и известувањата на ангажираните сили, а и според метеоролошките прилики на терен, се вели во информацијата од ЦУК.