Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури од 23 до 28 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Скопје слично време со минимална температура до 8 степени и максимална до 27 степени. Синоптичарите најавуваат сончево и топло време до вторник кога се очекува слаб локален дожд и опаѓање на дневната температура.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/03/1-414-640x384-1.jpg)