Филипче: Европски плати за лекарите кои ќе се вратат да работат дома

На денешното претставување на „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата, носителот на листа во ИЕ4 Венко Филипче говореше за подобрување на финансиската состојба на здравствените работници.

Тој најави дека веќе е започнат успешен процес на обезбедување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените специјализации и едукацијата.

„Одливот на кадар е предизвик за целиот регион, многу од нашите таленти ја бараат својата можност во странство. Сега нашата цел е да го надградиме овој модел и обезбедиме враќање на дел од македонските лекари од странство. Ќе понудиме европски плати за лекарите кои што сакаат да се вратат да работат и да ги едуцираат идните млади лекари дома“, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави