Едно лице е повредено од огнено оружје вечерва, додека друго лице е повредено од тап предмет во Сплит. „Двете лица се пренесени во сплитската болница за укажување лекарска помош“, извести сплитската полиција. Едно лице кое е поврзано со настанот е приведено и донесено во службените простории на полицијата. Кривичната истрага за утврдување на сите факти и расветлување на околностите на настанот е во тек.
![](https://arhiva.24info.mk/wp-content/uploads/2024/04/FAH-Ha170089policijapolicajac.jpg)