Поради преместување на поладен Атмосферски фронт од север, во текот на претстојната ноќ се очекува да биде и ветровито, со повремени удари на ветер од јужен и од југозападен правец од над 60 км/час. Секако овие удари ќе бидат локални (нема да ги има насекаде).
![](https://meteoalarm.mk/wp-content/uploads/2024/04/xx_model-en-359-0_modez_2024040100_27_954_93.png)
Утре претпладне ќе има услови и за појава на локален краткотраен дожд, со што потоа следува повторно стабилно и суво време насекаде низ Македонија. Температурите ќе бележат тенденција на мало опаѓање, што значи дека и покрај ова тие ќе бидат релативно високи.
И утре ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од југозападен правец.