Коалицијата што ја предводи СДСМ прва ги достави листите за пратеници до Државната изборна комисија за парламентарните избори на 8 мај. Како што информираат од ДИК, доставени се листи за пратеници за сите шест изборни единици.
Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечерва на полноќ, а денеска исто така се очекува ДИК да го заклучи Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори.
Собранието вчера донесе нови измени на Изборниот законик со кои политичките партии односно листите за пратеници ќе го имаат истиот број како и кандидатите за претседател за изборите на 24 април