Маратон „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе одржи протестен маратон по повод Денот на ФИНКИ.  

Маратонот е под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар,  со крајна цел до Владата.

По завршување на трката, како што е најавено, ќе се одржи мирен протест пред Владата со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ.

– ФИНКИ изминатиот период оствари повеќе средби со надлежните институции и се надева на позитивен исход и исполнување на дел од барањата, кои ги поставивме на минатиот протест одржан пред Владата, се вели во најавата од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Треба да знаете
Последни објави