Македонскиот земјоделец знае да ги користи парите од европските фондови, а потврда за тоа е и 100 процентната искористеност на средствата од– ИПАРД II Програмата-Инструментот за претпристапна помош за рурален развој, вели министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој додава дека сите овие години МЗШВ активно и посветено работи во усогласувањето на македонското законодавство, со европското законодавство.
Според Николовски патот кон ЕУ е важен и нема друга алтернатива, токму поради земјоделците. Бидејќи со поддршка на Европската унија го модернизираме македонското земјоделство, а како напредуваме во овој пат се отвораат нови фодови за уште поголема поддршка, додава Николовски. Во изминатите годнини подготвени се повеќе клучни законски решенија, кој целосно се усогласени со европското законодавство.
-Законот за советодавни услуги во земјоделството е значајна реформа за поддршка на земјоделците, руралните заедни и развојот на земјоделството. Преку ова законско решение, усогласено по европски терк, создаваме можност за професионализација на советодавните услуги, со поставување на ситстем преку кој на земјоделците ќе им се доближат искуствата и знаењето за најновите практитки и технологии во производството. Новиот закон за вино исто така, конечно, го усвои Собранието. Со него за прв пат се утврдува јасна методологија за пресметка на производната цена на винското грозје по килограм, до 15 јули во тековната година, и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Лозарите конечно добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје, која треба да е 25% повисока од пресметаната производна цена, вели тој.
Исто така тој појаснува дека Законот за рибарство и аквакултура исто така е целосно усогласен со европското законодавство, и веќе усвоен од Собранието. Собранието го усвои и Законот за дивеч и ловство, закон што целосно е усогласен со европските регулативи.
Како држава сме меѓу првите земји од регионот сме што ја усогласуваат домашната регулатива за сточарството во делот за одгледувањето на приплодни домашни животни со европската легислатива и воведуваме посебен режим за заштита на домашните автохтони видови, раси и соеви во сточарството, а во владина постапка е новиот закон за органско производство, усогласен со европските регулативи, законот за пренос на системите и вработените во Платежната Агенција, а активно се работи и во подготовката на предлог законот за уредувањето на пазарите.
Николовски вели дека во изминатите седум години иако посветено работеле на подобрување на условите на земјоделците сепак од нехасни и неразбирливи причини, сите реформски закони кои во целост биле усогласени со законодавството на ЕУ, во Собранието биле блокирани од страна на опозицијата
-При процесот на преговори за членство во Европската Унија, токму ние како министерство го имаме Кластер 5, кој е еден од најважните, но и најобемен кластер кој регулира 5 Поглавја од областа земјоделство и рурален развој, безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурните инструменти, како и финансиските и буџетски одредби. Над шеесет проценти од целото законодавство на ЕУ припаѓа на Поглавје 11 -земјоделство и рурален развој, 12 – безбедност на храната, ветерина и фитосанитарна политика и 13 – рибарство.Нашата цврста определба да станеме полноправна членка на Унијата до 2030 година, не мотивира уште повеќе да работиме во услогласувањето на домашното со европското законодавство, вели тој.
Македонија ја има најголемата најголема поддршка од Унијата, во споредба со другите држави од регионот
Според Николовски ваквата зголемена подршка, се должи на довербата која државата ја има изградено од ЕУ, посветеноста и реформите што се прават земјоделскиот сектор. Токму ИПАРД програмата е пример за силнта поддршка која земјоделците ја добиваат од ЕУ. Вели голема е поддршката која е директно насочена кон земјоделците и помага во модернизација на домашното земјоделство.
-200 милиони евра имаме на располагање за инвестиции во модернизација на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Ние сме земја лидер во реализацијата на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра, од вкупно 60 милиони евра европски средства за таа програма. Имаме нула евра повраток за ИПАРД 2 програмата, за разлика од ИПАРД 1 програмата каде се вратени повеќе од 45 милиони евра неискористени европски средства. Прва земја од регионот сме, што на 1 септември 2023 година, ја започна и реализациајата на новата ИПАРД 3 програма, распишувајќи го првиот повик за мерките 1 и 7.
Тој додава дека нашиот успех како земја со ИПАРД 2 програмата го потврди и Европската Комисија, која за новата ИПАРД 3 програма, за 62% го зголеми европскиот буџет. Дека оваа програма е прифатена од земјоделците и дека, денес, имаат доверба во институциите, говори високата реализација на ИПАРД 2 програмата, но и фактот дека само во првиот повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, каде ги ставивме на располагање првите 30 милиони евра, пристигнаа апликации во вредност од скоро 90 милиони евра.
-Со поддршка на Европската Унија преку ИПА програмата, пак, градиме нови системи за наводнување на земјоделските површини, ја водиме најголемата реформа во секторот шумарство. Дополнително со поддршка од 4.500.000 евра на Унијата се гради регионална кафилерија.Посветената работа на терен доведе до голема свесност и едукација на македонскиот земјоделец како да се искористат европските пари. Со заеднички напори на Министерството, Платежната Агенција и ИПАРД секторот кои се достапни во секое време за помош, нема едно населено место низ државата, каде нема да стретнете ИПАРД табла, а искористеноста на ИПАРД 2 е 100%, вели Николовски.
Бенефитите на земјоделецот од користењето на парите од фондовите на ЕУ се многубројни, додава Николовски кој уверува дека истите ќе бидат уште поголеми како ќе напредуваме кон евопскиот пат.
Влезот во ЕУ значи нова голема можност за секој граѓанин, значи можност за секој земјоделец, значи можност нашите земјоделски производи да се пласираат на големиот европски пазар
Најавите на Европската Унија за вклучување на нашата држава кон единствениот европски пазар, дава одлична можност македонските земјоделски производи да се пласираат на пазарот во Европската Унија, пазар од 450 милиони потрошувачи.
Новиот план за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија треба да го забрза процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и да се поттикне растот на нивните економии.
-Изминатите години бележиме добри резултати и зголемување на извозот домашни македонски земјоделски производи. Минатата година извозот на преработки од зеленчук и овошје достигна 87.5 милиони евра, највисок досега. Македонското вино се искачи на 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Со поддршка на Европската унија го модернизираме македонското земјоделство, а како напредуваме во овој пат се отвораат нови фодови за уште поголема поддршка. Европска иднина денес е шанса која не смее да се пропушти. Шанса на која секој од нас мора посветено да работи, да даде своја жртва, свој влог, и така да даде придонес во градењето на стабилна иднина за сите граѓани. Иднина со европски вредности, тука дома, во својата држава, заклучува Николовски.