Новиот тренер на фудбалскиот прволигаш Работнички, Горан Станиќ го одработи првиот тренинг со „роматичарите“. Станиќ, кој е дел од академијата на „романтичарите“ на жешкото столче седнува по вторпат сезонава. Најпрво времено во финишот од есенскиот дел ја извршуваше оваа должност по разрешувањето на Милан Илиевски, на два натпреаври, по што довербата му беше укажана на Гоце Седлоски, кој заминува од клубот по четири месеци, оти ги нема посакуваните резултати. Работнички наместо за врвот се доведе во ситуација да се бори за опстанок. Во пролетниот дел од сезоната, Работнички има една победа, едно реми и дури пет порази во седум натпревари. Станиќ и неговите соработници Блаже Лазаревски и Бојан Марковски, како и тренерот на голманите Матеј Миленков ги очекува тешка задача да се избори опстанок во прволигашкото друштво.