Бројот на загинати се искачи на 29 во ноќен клуб во турската метропола Истанбул, откако избувна пожар за време на реновирање на ноќен клуб, потврдија локалните власти, пренесуваат турските медиуми. Пожарот од засега непознати причини избувнал во зграда на улицата Гундогду. По пријавувањето на пожарот, на лице место се испратени противпожарни, медицински и полициски екипи. Полицијата презеде мерки на претпазливост во областа. Во пожарот интервенирале пожарникари со 31 возило и 86 лица. Повредените се префрлени во болниците во регионот.