Украински беспилотни летала ја нападнаа третата по големина рафинерија во Русија, која обработува 155.000 барели сурова нафта дневно.
Рафинеријата Танеко во Нижнекамск, Татарстан, има годишен капацитет за производство од повеќе од 17 милиони тони нафта, наведува Ројтерс. Оваа рафинерија се наоѓа на околу 1.300 километри од линијата на фронтот.
Пожарот што избувна во рафинеријата беше изгаснат по 20 минути и производството не беше нарушено.