Шестмина приведени по пожарот во кој загинаа 29 лица во Истанбул

Поради пожарот во ноќен клуб во квартот Бешикташ во Истанбул, во кој загинаа 29 лица, денеска се приведени шестмина осомничени, додека полицијата продолжува со истрагата, јавуваат турските медиуми. Полицијата го приведе управителот на објектот И.С.(65) и неговите деловни партнери М.М.Ц.(45) и С.С.(50), сметководителот С.А.(39), управителот А.А.П(26) и надзорникот на метални работи К.Е.(47), а по апсењето било констатирано дека некои од приведените имале претходни криминални досиеја, јавува „Anadolu Agency“. Канцеларијата на гувернерот во Истанбул потврди дека 29 лица ги загубија животите во пожар во ноќен клуб сместен под 16-катница, но се уште не е јасно што го предизвикало пожарот. Се вели дека пожарот избувнал за време на реновирањето во ноќниот клуб.

Треба да знаете
Последни објави