Авионот со кој леташе американскиот државен секретар Ентони Блинкен мораше да слета во Париз поради механички дефект, па тој и американската делегација што ја предводи заминаа со автомобил во Брисел на состанокот на НАТО.
Блинкен беше на пат на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО алијансата, кој почнува денеска, соопшти портпаролот на Стејт департментот.
Тој претодно имал проблем со авионот со кој пристигнал на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, поради што морал да остане во Швајцарија подолго од планираното.
По повод 75-годишнината од основањето на НАТО, денеска во Брисел почнува дводневна средба на министрите за надворешни работи на нејзините членки.