Пензиски план на ДПМНЕ, значи туркање во бездна на 170.000 пензионери, пишува вицепремиерот за економски прашња Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.
„СУПЕРИОРНИОТ предлог на ДПМНЕ за зголемување на сите пензии по 5.000 денари, поддржан од претседателот на советот на Град Скопје, кој во слободно време предава на Економски Факултет (или обратно, не знаеме), претставува закана да турне 170.000 пензионери во бездна, да останат без својата заслужена пензија за одредена година.
Сите оние кои го поддржуваат овој предлог се надевам дека го имаат предвид фактот дека станува збор за над 334.000 пензионери, што ќе предизвика нови обврски од 20,22 милијарди денари (330 милиони евра) годишно.
Во суштина, ова ќе значи повторно враќање на времето кога повеќе од половина од парите за исплата на пензии се исплаќаа од централниот буџет. Ова е дел од поновата историја кога во 2016 имавме дефицит во фондот на ПИОМ од 49%, кој ние како Влада за седум години го сведовме на 32%, а сега на СУПЕРИОРЕН начин некој сака да го врати на 52%.Оваа економска кратковидост на ДПМНЕ носи ризик да го поништи долгогодишниот напредок кој го направивме, влечејќи не кон фискални превирања за кои неуморно работевме да ги надминеме.
П.С. Во наредната лекција #ВечерноЕкономскозаВМРО ќе зборуваме за последиците од пресметка на просечната пензија како 60% од просечната плата“ пишува Битиќи.