Новинарот Фуркан Салиу од Порталикс вечерва објави видео во кое приложи документ од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Во документот насловен како Оперативен план има се наведени одговорни лица за ширење лажни вести, а планот изработен кон крајот на 2023 година предвидува креирање на емисија два пати неделно за анализа на анкети на ИПИС на Владимир Божиновски.
Задолжени за спроведување на оваа активност, според Порталикс биле Шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галевски, сопственикот на ИПИС и директорот на јавниот сервис Марјан Цветковски.
За помалку од два месеци од Оперативниот план, оваа „точка“ на Републичкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ се реализира токму на Јавниот сервис преку емисијата „Објектив“.
Во видеото погледнете други детали околу овој скандал.