Силен земјотрес ја потресе Турција

Многу силен земјотрес ја потресе Турција во 10:48 часот по локално време.

Иако според првите проценки земјотресот бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, подоцна било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Земјотресот е регистриран на 45 километри северозападно од Адијаман, на длабочина од 8 километри.

Засега нема информации за штети или повредени.

Жителите велат дека потресот силно бил почувствуван.

„Ме разбуди“, „Навистина добро се тресеше“, „Беше краткотрајно, но интензивно“, наведуваат во коментарите на ЕМСЦ.

Треба да знаете
Последни објави