Во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека претседалскиот кандидат Гордана Силјановска е едноставно продолжена рака на ВМРО – ДПМНЕ.
„Тие се обидоа на почетокот да ја претстават како независен кандидат, за тоа се обидоа и да креираат ВМРО – ДПМНЕ како партија одредена фама, дека се собрани 28, 29.000 потписи за кои се испостави дека или се непостоечки или дел биле фалсификувани и затоа не беа ни поднесени што на крајот доведе Силјановска да биде кандидрирана со 40тина потписи на пратеници“ рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ оцени дека Силјановска Давкова нема лидерски капацитет и истакна дека овие избори се избори помеѓу надеж и безндежност.