“Женската трка“ меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 6. ја водат Славјанка Петровска наспроти Дафина Стојаноска. Концепт на европска агенда наспроти црвени линии и национализам. Иако традиционално во полошкиот регион мнозинството пратеници е “резервиран“ за претставниците на партиите од албанскиот политички блок, Петровска е уверена дека СДСМ е вистинската опција за граѓаните. СДСМ покажа дека носи одлуки, се бори за иднината на државата, ветува и остварува, ги признава грешките и дава решенија.
Останува промотор и пообрник за родова рамноправност, но изборот за Врховен командант на вооружените сили со оваа понуда не треба да и припадне на жена. Македонија заслужува Претседател кој нема да не врати во изолација.
Без разлика што родното место и е Скопје, Петровска вели дека низ годините сеткнала многу пријатели од полошкиот регион и чест и е да ја предводи кандидатската листа на СДСМ во ИЕ6.
Гарантираме зголемување на економскиот развој и продолжување на позитивните процеси
„Мене ми е чест што сум избрана за носителка во Шестата изборна единица или полошкиот регион, со кој не сум поврзана со семејни релации и моето потекло не е од овој регион. Потекнувам од скопско семејство, а корените на семејството на дедо ми по татко е од мијачкиот крај. Но, низ годините во овој регион стекнав многу пријатели кои во мојот живот имаат посебно место. Ме радува што ќе бидам низ мултиетничка средина и што ќе имам можност да зборувам за досегашните успеси, за недостатоците, но што е најважно и за плановите како да продолжиме понатаму. Зошто СДСМ е вистинската опција за граѓаните? Затоа што СДСМ покажа дека носи одлуки, се бори за иднината на државата, ветува и остварува, ги признава грешките и дава решенија. Впрочем и изборната програма која во претстојниот период ќе ја презентираме ќе го потврди ова. Гарантираме зголемување на економскиот развој, подобрување на воочените слабости и продолжување со позитивните процеси кои дадоа резултати“ вели Петровска
ВМРО-ДПМНЕ продолжуа со иста реторика слушај ме што зборувам, ама не ме гледај што правам
На промоцијата на кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, опонентката Дафина Стојаноска истакна дека ова е време кога сите се освестиле, криминалците ќе одат по судови, а докажаните виновни по затвори. Ако некој што сторил криминал, се обиде да се крие позади партиските бои или да глуми жртва заради националната припадност, тоа нема да врви повеќе. Според Петровска, ова е добра позната реторика на опозицијата. Одговорност бараат секаде само не во себе. Не се откажале од старите навики и ништо не научиле од грешките.
„Уште едно од низата на познати реторики на ВМРО-ДПМНЕ за кои важи: слушај ме што зборувам, ама не ме гледај што правам. Пред речиси два месеци имаше инцидент во центарот на Скопје, кога висок полициски службеник поставен од техничкиот министер за внатрешни работи, инаку службеник кој во слободно време е партиско обезбедување на претседателот на опозицијата, Мицковски физички нападна свој колега кој спроведувал полициска акција. Две кривични дела, попречување на полициска акција и напад на службено лице. До каде е истрагата за овие две кривични дела и зошто тој полициски службеник се крие зад партиските бои на ВМРО-ДПМНЕ. Овие месеци на техничка Влада се добра можност ВМРО-ДПМНЕ да не потсети на нивното режимско владеење, кое сме сведоци дека го практуваат и денес и не се откажале од старите навики, односно ништо не научиле од грешките. И токму затоа ќе останат во опозиција“ вели таа.
Гласни, храбри и одлучни се одлика на социјалдемократките кои се на изборните листи
Жените на кандидатските листи се личности со интегритет, образование и квалитет а не само бројка за родова рамноправност. Петровска е горда со сите соборки со кои ќе ги “ трчаат“ изборите . Благодарение на нивниот интегритет и квалитет денес жените се видливи и ценети.
„Жените во СДСМ први ја започнаа борбата за родова еднаквост и тоа го наметнаа како задолжителен процес во општествтото. Гласни, храбри и одлучни се одлика на социјалдемократките кои се изборија за поголема застапеност не за да бидеме бројка, туку за да имаме простор да го покажеме својот квалитет. Се гордеам со сите пратенички кои се нашле на листите на СДСМ и лично сведочам за нивниот интегритет и квалитет, и благодарение на нив денес жените се видливи и ценети. Се разбира клучна улога имаат и граѓанските организации кои се во поддршка на жените, особено на жените во политиката и заедно придонесуваме за подобар свет“ смета Петровска.
Не жена по секоја цена, Македонија заслужува Претседател кој нема да не врати во изолација
СДСМ застана зад Стево Пендаровски, а ВМРО-ДПМНЕ повторно зад Гордана Силјановска-Давкова. За прват на овие Претседателки избори има две жени, а тоа е и професорката Билјана Ванковска, како предлог на Левица. Според Петровска овој избор на жени кандидатки за Врховни командатки на вооружените сили не е вистинскиот избор.
„Дали е време Македонија да добие жена за Претседател? Не по секоја цена. Македонија заслужува Претседател кој нема да не врати во изолација, Претседател кој не се плаши да излезе на дебата и соочување со оние кои имаат различно мислење и став, Претседател кој има храброст да носи одлуки, а не да бара изговори, Претседател кој обединува и зближува, а не создава етнички тензии и поделби. Јас во овој опис го гледам сегашниот Претседател Стево Пендаровски, за кого немам сомнеж дека ќе биде и следниот Претседател на Републиката. Ставовите на Претседателот Пендаровски се јасни и недвосмислени кога станува збор за меѓународната позција на Македонија, особено е свесен за тежината да се биде Врховен командант на земја членка на НАТО. Овие две години како министерка за одбрана имам можност да соработувам со Пендаровски и многу често неговите совети и мислења доаѓаа во вистинско време. Тој ја почитува поставеноста на Министерството за одбрана, но и Армијата, улогата и позицијата министер за одбрана и началник на Генералштаб. Цврсто се залага за целосна деполитизација на Армијата и министерството, градење на професионален кадар и континуирано опремување и модернизација на Армијата. Свесен е за предизвиците со кои се справуваат земјите од регионот, особено во поглед на безбедноста и стабилноста, и токму затоа меѓународната политика која ја води се темели на исправни одлуки и и е потребна на Македонија“ порача Петровска.