СДСМ: Напади на новинари и злоупотреби на медиуми – тоа е вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ДПМНЕ. Тоа е недозволиво.

За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија. 

Слободата на говорот за нив е мисловна именка. 

Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата – однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски. 

Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта.

Треба да знаете
Последни објави