Интегрален текст од прес-конференција на Даниела Николова, пратеничка од СДСМ:
Скандалот со лажните анкети и документите од оперативниот план на ДПМНЕ отвораат уште еден аспект, директно поврзан со изборниот процес.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски е наведен како задолжено лице, заедно со други лица, за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список.
Согласно сите законски прописи, претседател на ДИК не може и не смее да учествува во партиски активности, а никако нема право да се меша во предизборни активности на било која партија.
Ова е основано сомневање и за кривично дело.
Очекуваме одговори од претседателот на ДИК, Александар Даштевски.