Трка на деца од градинки во Градскиот парк

По повод  Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.

Ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината кои од 11 часот ќе трчаат на тартан патеката во Градскиот парк на 250 метри, во мешана категорија – момчиња и девојчиња.

 -Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри, 4 по 50 метри, соопшти ДКЦ „Карпош“.

Треба да знаете
Последни објави