Фудбалерките славеа над Летонија на стартот на Лигата на нации

Женската фудбалска репрезентација на Македонија со гостинска победа над Летонија (3:4) го почнаа новото издание од Ц сегментот во Лигата на нации на УЕФА. Летонките поведоа со со голот на Миксоне во 7. минута. Следеше блиц-криг на македонските фудбалерки кои до крајот на првото полувреме успеаја да стигнат до предност од 1:3 со погодоците на Рочи и Андонова и автоголот на Рочане. Домаќинките намалија на 2:3 преку Полуховица во 63. минута, а нова предност од два гола (2:4) за „црвеножолтите„ ја обезбеди Милчевска во 69. минута. До крајот Летонките успеаја само да го ублажат поразот (3:4) преку Миксоне во 76. минута. На овој меч во македонската жешка селекторска фотелја дебитираше Александар Андов.

Треба да знаете
Последни објави