Во Москва е уапсен единаесеттиот обвинет за учество во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ на 22 март во кој загинаа 144, а 551 беа повредени по избувнувањето на пожар. Веста ја пренесоа руските медиуми повикувајќи се на имформација од московскиот суд. Судот информира дека е уапсен Мухамед Зоир Шарипзода, родум од Таџикистан. Тој се товари за кривично дело терористички акт.