Метео анализа на Славчо Попоски:
За тоа дека пред нас е нов топол бран од Африка веќе знаете, и истиот за време на викендот повторно ќе ни донесе летни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Сепак, по 10 Април моделите веќе цртаат дека ни следува поладен период, а можно е дури да имаме и потпросечни температури за пролетниот период. Со ова ќе ни следува и дестабилизација на Атмосферата со врнежи, а на планините би можело да се појават и врнежи од снег.
Метео Аларм постојано ќе ја следи состојбата со оваа промена на времето која не очекува по 10 Април, но како што кажав, сеуште се работи за рана и неофицијална метео информација. Понатаму следуваат нови детали околу ова. Вие почитувани останува да уживате во викендот кој ни доаѓа.