Сообраќајот на патиштата непречено, внимание на места каде има работи на пат

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Исто така возачите треба да внимаваат на местата каде што се вршат работи на санација на коловоците и е воведен времен режим на сообраќај како на регионалниот пат Прилеп – Битола каде патот е целосно затворен кај Шемница од 27.03.2024. Освен тоа, времена измена на сообраќаен реѓин има на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ на десна коловозна лента.

Треба да знаете
Последни објави