Алимпијевиќ останува тренер на Бешикташ

Српскиот стручњак Душан Алимпијевиќ и во следната сезона од клупата ќе го води Бешикташ.

Во интервју за турската телевизија, претседателот на Извршниот одбор на клубот од Истанбул, Озкан Арсевен изјави дека Алимпијевиќ ќе остане тренер.

-Кога го потпишавме договорот со Душан Алимпијевиќ, потпишавме договор кој ќе го продолжиме и во следната сезона. Нашиот тренер е среќен овде со своето семејство. Има добра сезона. Тој е исклучителен лик. Го прегрна Бешикташ – изјави Арсевен.

Напомена и дека клубот и Алимпијевиќ заедно почнале да го планираат списокот на засилувања за следната година.

Во својата прва и единствена сезона со Бешикташ досега, Алимпијевиќ го предводеше тимот до третото место во домашниот шампионат.

И на европска сцена Бешикташ беше успешен.

Тој стигна до полуфиналето на Еврокупот, каде што беше сопрен од Бург.

Треба да знаете
Последни објави