Осомничениот Д. Д. (1984) од Бор кој во саботата добил притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д. Д. (1974), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по извршеното злосторство, почина синоќа во Полициското одделение во Бор, соопшти МВР на Србија.
Д. Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт. .
За настанот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство Заечар, кое наредило обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, додаваат од МУП.