По повредата и речиси еден месец одмор, Аргентинецот Лионел Меси се врати на фудбалските терени и беше стрелец во ремито 2-2 на неговиот Интер Мајами против Колорадо во МЛС лигата.
На почетокот на вториот дел во игра влезе 37-годишниот Меси, а само десет минути подоцна погоди за тогашни 1-1. Легендарниот Аргентинец шутираше прецизно од врвот на шеснаесетникот и топката од голот се одби во мрежата за славје на домашните навивачи.
Колорадо претходно поведе со 1-0 со голот на Рафаел Наваро од пенал во 45. минута, додека Интер направи целосен пресврт со голот на Леонардо Алфонсо по еден час. Конечните 2-2 ги постави Басет во 88. минута.
Интер Мајами моментално е трет во поредокот на Источната конференција и има 12 бода, исто како и второпласираната Филаделфија која има два натпревари помалку. Водечка е Њујорк РБ со 14 бода.