Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата.
Тоа е јасно како бел ден, особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше, но и во јавните настапи.
Тие би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за кампањата на СДСМ, испраќаат агресивни и празни пораки.
Но ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано.
Почетокот на кампањата за претседателските избори потврди и дека ДПМНЕ остануваат изолирани во својот став против ЕУ.
Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.
Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година.
Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните.
Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска.