Откако новинарот Фуркан Салиу попладнево бил уапсен од Единицата за брзо распоредување по наредба на началници од СВР и ЕБР назначени од техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски, вонредна прес-конференција најава владејачката партија СДСМ.
Изминатиов период новинарот Салиу е во фокусот на јавноста откако објави протечени документи и оперативен план на ВМРО-ДПМНЕ.
Според оперативниот план кој го објави Салиу, ВМРО-ДПМНЕ имало разработена шема за изработка на лажни вести, лажни анкети, но и цел план за злоупотреба на податоци од државните институции со цел придобивање гласови.