Директорот на „Водовод“ во Бор поднел оставка од морални причини бидејќи двете осомничени лице за убиството на Данка се од ова претпријатие

Директорот на јавното претпријатие „Водовод“ од градот Бор во Србија, Горан Павиќ, поднел оставка од функцијата по случајот со двегодишната Данка, за чија смрт се осомничени двајца вработени од тоа претпријатие. Во изјавата дадена за локалните медиуми, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), Павиќ наведува дека поднесува оставка од морални причини, со оглед на тоа што постои сомнение дека убиството го извршиле со службено возило додека ги извршувале своите работни задачи. -Ќе поведам кривична и сите други правни постапки против осомничените, како и против сите други вработени и одговорни лица во претпријатието кои со своите пропусти, дејствија или непостапување придонеле осомничените да останат десет дена на слобода, изјавил директорот на ЈП „Водовод“ од Бор. Информацијата за оставката на директорот Павиќ на прес-конференција ја потврдил и градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ.

Треба да знаете
Последни објави