Бугарија е против идејата ЕУ да го промени принципот на едногласност во одлучувањето

Бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархији му кажал дека Бугарија е против идејата Европската Унија да го промени принципот на едногласност во одлучувањето од страна на земјите членки. Радев истакнал дека реториката во Македонија за време на изборната кампања не оди во насока на дијалог меѓу двете земји. Радев изразил очекување дека по завршувањето на изборната кампања и изборите во Македонија  политичката ситуација да овозможи „целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година“. Според Радев добрососедството е главен аспект во процесот на проширување и ја истакнал подготвеноста на Бугарија, без оглед на негативните пораки од Скопје, да ги обноват напорите за конструктивна билатерална соработка. Радев и комесарот Вархеји разговараа и за разгледаните опции за идни реформи на ЕУ, вклучително и промени во механизмите за одлучување во Советот на ЕУ. Шефот на бугарската држава изјавил дека на темата за проширувањето – Бугарија категорично го поддржува зачувувањето на принципот на едногласност, се наведува и во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави