За мрсниот скалп може да има многу причини, па затоа понекогаш чувствувате дека ниту еден шампон навистина не ви помага. Ова се четири правила кои можат да помогнат вашата коса побавно да се мрси. Тоа не значи дека производите не се важни, но исклучително е важно да се земат предвид и други работи.
1. Откажете се од пржената и брзата храна
Докажано е дека преработената, мрсна храна предизвикува вишок себум и на кожата и на скалпот. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашата убавина, но и за вашето здравје е да ја елиминирате или намалите, колку што е можно повеќе, потрошувачката на рафиниран шеќер, хамбургери, пица и друга преработена храна, пренесува АТВ.
Исто така, ќе почнете да забележувате јасно подобрување доколку во вашата исхрана вклучите доволно квалитетни протеини, здрави масти, антиоксиданси од овошјето и зеленчукот. Додатоците на колаген можат да помогнат.
2. Внесете неутрален PH шампон во вашата рутина
Повеќето шампони што ги сакаме затоа што ја прават нашата коса толку мека и свиленкаста, всушност имаат кисел PH што ја дебалансира косата и може да доведе до проблеми како вишок на себум или себореичен дерматитис. Шампон со оптимални PH вредности за здравјето на косата ќе помогне да се балансира производството на себум, а со текот на времето косата нема да биде толку мрсна.
3. Третман на скалпот со салицилна киселина
Ако нанесувате серум на вашата кожа, зошто да не го направите истото и за вашиот скалп? Употребата на таков производ може видливо да го подобри здравјето на косата, да го балансира производството на себум и со тоа да го промовира нејзиниот раст. Експертите препорачуваат по нанесувањето на серумот, нежно да го масирате скалпот со прстите или со четка за масажа за да се осигурате дека ефикасно се апсорбира во кожата и да ја стимулирате циркулацијата.
4. Намалете го миењето на косата со топла вода
Топлата вода сериозно го дебалансира скалпот, што доведува до дехидрација и вишок на себум. Најпрво внимавајте водата со која ја миете косата да биде млака, а не топла. Не ви треба висока топлина за ефикасно да ја исчистите косата. Освен тоа, кога водата е премногу жешка, таа влијае и на косата, предизвикувајќи таа да изгледа суво и грубо, пишува сајтот „Andeea Raicy“.