Цените на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. ЕВРОСУПЕР 95 ќе поскапи 1,5 денар и ќе изнесува 86,5 денари за литар. ЕВРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар и ќе изнесува 88,5 денари за литар. ЕВРОДИЗЕЛОТ се зголемува 2 денара за литар и од утре ќе чини 78 денари. Поскапува и екстра-лесното масло за домаќинство за 2 денари и ќе се продава за 77 денари. Цената на „мазутот“ поевтинува 0,3 денари и од полноќ ќе се продава за 45,2 денари за килограм. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382 отсто.