Трката за титулата во англиската фудбалска Премиер лига е неизвесна. Арсенал и Ливерпул се ко-лидери со еднаков број на бодови по 71, а веднаш заднив е актуелниот бранител на трофејот Манчестер сити со еден бод заостанување (70). До крајот на сезоната им преостануваат да одиграат уште по осум кола, а суперкомпјутерот на „Опта“ пресмета кој ќе се радува на крајот од сезоната. „Опта“ на располагање имала 10.000 симулации на својот суперкомпјутер, кој пресмета дека Манчестер сити е фаворит за освојување на пехарот со 39,4 отсто. На второто место се наоѓа Ливерпул со 30,7 отсто, додека најмали шанси му се дава на Арсенал. Мислењето на „Опта“ го делат и аналитичарите на „Грејсноут“ кои им даваат 42 отсто шанси на „граѓаните“ за титулата.