На 07.04.2024 во 00.20 часот и во 13.00 часот во гостиварски Добридол, полициски службеници од Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј.М.(19) и И.Ф.(32) од истото село.
Тие се сомничат дека на 02.04.2024 во с.Добридол извршиле кривично дело „тешка кражба” во куќа. Во полициска станица со нив бил извршен службен разговор, при што го признале делото. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.