Повеќе од 10.400 станбени објекти во 39 региони сè уште се поплавени во Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
-Денеска сè уште се поплавени повеќе од 10.400 илјади станбени објекти во 39 конститутивни субјекти на Руската Федерација, изјави соговорник од министерството за агенцијата РИА.
Тој потсети дека најтешка е ситуацијата во регионот на Оренбург, каде во зоната на поплавите во рок од 24 часа имало поплавено околу 3.900 станбени згради и 8.700 куќни парцели.
Повеќе од 6.100 луѓе се евакуирани во безбедна зона, а создадени се 33 сместувачки места со капацитет за 33.000 луѓе.
Во петокот пукна браната на реката Урал во Орск, а вчера нивото на реката првпат по пукањето падна за девет сантиметри и изнесуваше 963 сантиметри.