Драматични сцени во Кина: најмалку шест лица загинаа во два пожари

Шест лица загинаа во пожарите во кинеските градови Вужоу во провинцијата Гунагси и Хефеи во провинцијата Анхуи, соопштија локалните власти.

Пет лица загинаа во пожар во градот Вужоу што во понеделникот избувна во продавница а истрагата за причините за пожарот е во тек, јавува „Ксинхуа“.

Во градот Хефеи едно лице загина, а 11 се повредени во пожар во трикатница.

Жртвите се ученици од центарот за старателство, кои по завршувањето на часовите си ги вршеле домашните задачи во читалната, пишува весникот „Чајна“.

Полицијата започна истрага.

Треба да знаете
Последни објави