Вкупно десет гола донесоа првите два четвртфинални дуели од фудбалската Лига на шампионите. Од нив половина дузина голови беа постигнати на „Сантијаго Бернабеу“ каде играа најтрофејниот во ова европско натпреварување со 14 шампионски титули, шпанскиот Реал Мадрид и актуелниот бранител на титулата англискиот Манчестер сити (3:3). И на другиот натпревар од оваа фаза во елитното континентално натпреварување во Лондон, на „Емирати“ меѓу ко-лидерот во англиската премиерлигашка конкуренција Арсенал и бундеслигашот Баерн Минхен заврши без победник (2:2). Реванш натпреаврите на 17 април во Манчестер и Минхен ќе гфи одлучуваат патниците во полуфиналето. Сити два пати беше во водство, Реал еднаш, а мечот на „Бернабе“ заврши без победник. Возбудувањата вечерва почнаа уште во втората минута кога Бернардо Силва го изненади Лунин и го совладаа од голема далечина, од слободен удар. Типично за екипите кои ги води Гвардиола, Сити остана во напад место да се повлече на својата половина, па Реал го искористи тоа и преку Камавинга и Родриго го направи првиот пресврт на мечот. Со предност на домашниот тим се замина на одмор, а потоа во период од пет минути, од 66. до 71., со прекрасните голови на Фоден и Гвардиол, Сити направи пресврт за второ водство. Да нема Сити предност пред реваншот се погрижи Валверде со уште едан еврогол, на десетина минути пред крајот. Во Лондон, Сака обезбеди водство за Арсенал во 12. минута, а Баерн преку Гнабри и Кејн од пенал направи пресврт до крајот на првото полувреме. „Топчиите“ израмнија преку Тросар во 76. минута.