Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен, кој по еднодецениска непорекината доминација во бундеслихгашката конкуренција сезонава ќе треба да го отстапи тронот на Баер Леверкузен кој за првпат е пред освојување на шампинската титула, во летниот преоден рок ќе прави комплетна реконструкција на тимот. Според францускиот „Л’Екип“, Баерн направил листа од петмина недопирливи: Хари Кејн, Мануел Ноер, Томас Милер, Матис Тел и Александар Павловиќ, додека сите останати се на продажба. Меѓу првите кои треба да заминат од Минхен се: Кимих, Коман, Де Лихт, Гнабри, Горецка и Сане.